Актуелно

Петта средба на работната група за исклученост од правото на домување и бездомништво

Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ од Скопје, во соработка со Националниот демократски институт, Министерството за труд и за социјална политика и Црвениот крст на Град Скопје, на 28-ми декември 2017 година ја организира Петтата средба на работната група за исклученост од правото на домување и бездомништво. Средбата ќе се одржи од 12 до 16.30 часот во хотелот „Холидеј  ин“ во Скопје.

Дел од агендата се дискусии за новите приоди во решавањето на скриеното бездомништво кај нас и случајот на „Чичино село“ , како и за формализирањето на неформалните собирачи на отпад како начин на справување со потенцијалното бездомништво.

27.12.2017