Актуелно

Повик за доделување на под-грантови во рамки на проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“

 

Проектот „Спречување на дискриминација кон ромските деца“ се имплементира од страна на Национален ромски центар од Куманово во соработка со партнерската организација „Паблик“ од Скопје во општините Куманопво, Крива Паланка, Кичево, Кочани, Штип и Прилеп, поддржан од страна на Делегација на Европска унија со времетраење од 24 месеци.

Општата цел на проектот е да се промовира социјалната интеграција на ромските деца во општеството преку ефективна заштита на нивните основни човекови права.

Под-грантовите ќе траат во период од најмногу 6 месеци. Проектите ќе треба да започнат во  март 2018 година, а треба да заврщат најдоцна до крај на август 2018 година.
Сите апликации треба да бидат поднесени на македонски и на англиски јазик. Ващите апликации може да ги испратите на следните е-маил адреси: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. и This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., или лично во архива на НРЦ на адреса „Доне Божинов„ бр.11/5 Куманово.  Крајниот рок за поднесување на апликации е 15 февруари 2018 година до 15:30 часот.

На следниов линк ќе ги најдете сите детали во врска со повикот.

 

27.12.2017