Актуелно

Македонија со нов пад во Индексот на клиентелизам во медиумите

Македонија бележи пад во Индексот во клиентелизам на медиумите, особено во делот на способноста на државата сеопфатно да ја разбере состојбата на медумите според декларативното постоење на податоци, што значи проблем во детектирањето и спречувањето на клиентелистички практики, покажуваат резултатите од третото мерење на Индексот на клиентелизам во медиумите во Македонија. Истражувањето беше спроведено и во Романија, Босна и Херцеговина,  Хрватска,  Србија и во Црна Гора, а резултатите беа презентирани на денешната конференција „Индекс на клиентелизам во медиумите: Мерење на реалноста”, која се одржа во ЕУ Инфо центар, во организација на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“.


Пад е забележан и во Хрватска, Босна и Херцеговина и во Романија, а само Србија бележи благо подобрување.
- Фокусот на индексот е на капацитетот на општеството да детектира и спречи клиентелистички практики во медиумитеПоточно, ја мери  способноста на општеството да ги одреди ризиците од размената на услуги помеѓу политичките, економските центри на моќ и медиумите.  Тоа, воедно доведува до девијации во улогата која ја имаат медиумите во едно општество – да бидат столб на демократијата, вели Маја Раванска, истражувачка во Асоцијацијата „Паблик“.
Таа појасни дека с
обирани се податоци од правната рамка, јавните политики, институционалната рамка, а дека во истражувањето се воделе и според одредени индикатори кои се однесуваат на медиумскиот пазар и финансирањето на медиумите, транспарентноста на сопствеништвото врз медиумите, а опфатени се и податоци од полето на медиумските слободи и права на новинарите.

-
Сите сакаме медиумите, и генерално, нашето општество конечно да се оттргне од канџите на било кои центри на моќ и да ужива во придобивките на демократијата, еднаквоста и солидарноста. Медиумите се една од најважните алки во тој синџир - додава Раванска.

- Идеална ситуација на мерната скала од еден до минус еден, е едницата, која подразбира дека постигнат би бил баланс помеѓу центрите на економската и политичката моќ, граѓаните и медиумите.
Со индексот практично го мериме нивото на отклонувањето од идеалната, балансирана состојба, состојба во која не постојат услови за клиентелизам – појасни проектниот координатор на „Медиумски круг“ за Македонија, Небојша Илијевски.

Главните препораки од истражувањето се дека е неопходна по
тполна транспарентност на вистинското сопствеништво на медиумите, како прв приоритет кој мора да го решаваат сите идни политики кои го уредуваат медиумскиот простор, но, и дека мора да имаме достапни сеопфатни регистри за сопствеништвото над медиумите, за финансиската и материјална поддршка која се доделува на медиумите, за субвенции, како и декларирани интереси на оние кои се вклучени во одлучување за медиумските прашања. Истите дека мора да бидат достапни во реално време за сите заинтересирани граѓани.

Според д-р Снежана Трпевска, експерт за медиумско право и медиумска политика, која на овој настан имаше свое излагање насловено „Општествените и политичките услови што поттикнуваат клиентелизам и инструментализација на медиумите“, изместувањето на демократската улога на медиумите претставува клиентелизам, и за разлика од корупцијата, тоа е болест во медиумската сфера кој се заснова на резмена на услуги.
- Тоа значи дека некој ги користи медиумите за поинакви цели од она што е пропишано со законот, и не е нова појава. Оваа инструментализација на медиумите трае со години, најмалку петнаесетина. Повеќе од неопходни ни се системски решенија, оти коренот на овој проблем не е во медиумскиот систем, туку во политичкиот- вели таа.
Ние, всушност, додава Трпевска, имаме политички систем, во кој партијата на власт која ќе победи на изборите, потоа владее со сите општествени сфери, па и со медиумите.
- Кај нас постои длабоко несогласување меѓу политичките опоненти, и оттаму всушност потоа доаѓа до поларизација на медиумите, односно се користат за влијание врз јавното мислење. Во Македонија дури и кога се случува критика на јавните политики од медиумите, тоа се прави за да се остварат некакви бизнис привилегии- децидна е Трпевска.

На настанот беше отворена и темата на непрофитните медиуми и нивната улога во борбата против клиентелизмот.
- Ако во едно радио се случува да има забрана да се зборува за полициската бруталност, тогаш тоа е дел што го допира сегментот на клиентелизмот. За среќа, Европа ги препознава непрофитните медиуми, како баланс помеѓу јавните медиуми, од една страна, и строго конторлираните, од друга страна, па им дава поддршка. Тоа не значи дека истражувачка сторија, на чиј крај стои поддржувачот, суптилно ги третира темите на финансиерот. Напротив, ако уредувачкиот и новинарски тим има интегритет, во тој случај не е спорен фондот кој ја поддржува сторијата- вели Јасмина Јакимова, уредничка во Радио МОФ
.

Во рамки на овој настан беше промовиран и новиот, 28-ми број на уличното списание „Лице в лице“, посветен на темата „Медиумите на иднината.


- Нашата перцепција вели дека ова е време кога никогаш не сме биле полесно и поблиску до информацијата, но, и, подалеку од вистината, која сè почесто е во сенка на сметка на профитот. Сето тоа укажува на разнишани начела во професионалното новинарство, кое, колку и да се менува во иднина, неопходно е да ги задржи главните етички компоненти и круцијалната улога на бранење на јавниот интерес на граѓанинот, а не на политичките и економски интереси. Во ова издание ставаме и акцент на неопходноста на едукацијата на современиот консумент на вести, за да не биде жртва на фабрикувани информации, поточно за важноста на медиумската писменост и култура. Зборуваме и за неопходноста од креативност во начинот на пласирање на информациите, за граѓанското новинарство, за непрофитните медиуми, за вредностите што новинарот на иднината треба да ги поседува и за многу други аспекти- изјави Анета Ристеска, уредничка на „Лице в лице“, чиј издавач е „Паблик“.

Фотографии: Томислав Георгиев

15.12.2017





Проектот „Медиумски круг“ е финансиран со средства на ЕУ и на Канцеларијата за граѓански организации при Владата на Република Хрватска. Сите содржини изнесени во овој документ се исклучително одговорност на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“ и на ниту еден начин не ги изразува ставовите на Европската унија, како ни на Канцеларијата за граѓански организации на Владата на Република Хрватска.