Актуелно

БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ (за набавка на печатени материјали)

Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој ПАБЛИК од Скопје објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:

1.Општи услови

1.1 Набавувач на услуги: Паблик, Скопје со седиште во Скопје ул. „Бојмија“ бр. 1-2/21.

1.2. Предмет на барањето: прибирање понуди за набавка на печатени материјали

1.З.Паблик, Скопје го спроведува проектот „Борба против дискриминација на Ромските деца“ финансиран од страна на Делегација на Европска Унија за потреби на својата канцеларија јавно го објавува ова барање заради набавка на печатени материјали за потребите на проектот

1.4. Набавката на ова Барање е делива,   согласно најдобриот финасиски и квалитативен одговор на барателот, односно има повеќе предмети/ствари/услуги кои го исполнуваат барањата, може да поднесе најмногу три различни понуди.  

1.5. Понудувачот во случај на избор на неговата понуда е должен да обезбеди фактура од Управа за јавни приходи без ДДВ, заради исплатата од страна на средства од грант на Европска Унија.

2. Понуда

2.1 Понудувачот треба да достави понуда во која согласно потребите на набавувачот, во понудените содржини да содржи:

  • Понуда за следните производи и количи

-      Маици – 1000 парчиња

-      Постери – 10.000 парчиња

-      Лифлети – 100.000 парчиња

-      Тетратки- 200 парчиња

-      Пенкала- 400 парчиња

Понудата треба да содржи цена во денари без изразен ДДВ, и истата да има важност од 30 дена. Понудата треба да содржи oпиc cо спецификации.

3. Критериуми за избор на најповолен понудувач:

  • Цена,
  • Квалитет на понудените стоки и усллуги,
  • Долговремено и потврдено искуство во работа

Цената и квалитетот носат најмногу по 45 бодови, додека искуство во работа 10 бодови а за добитник на повикот по барањето за доставување на понуди се смета понудувачот кој ке добие најмногу поени. Доколку се исполнети сите барања се смета дека квалитетот е постигнат во целост. Бодувањето на понудените цени се определува согласно процентниот сооднос на најниската и највисоката понуда.   

4. Облик и содржина на понудата

4.1 Понудата се изработува во писмен облик

4.2 Име, адреса и седиште на понудувачот на услуги, даночен број, броеви на телефон, факс, е-маил адреси за контакт како и лица за контакт.

4.3. Карактеристики на понудата

4.4 Рок и начинот на испорака на стоките и услугите.

4.5 Вредност на понудените содржини и услуги изразена во денари без вклучен ДДВ.

4.6 Рок и начин на плаќање

Набавувачот ќе го плати нето износот (без ДДВ) и ќе му ги достави на добавувачот и на надлежниот орган сите потребни документи за спроведување на постапката за поврат од ДДВ при промет на добра и услуги во земјата.

Ве молиме вашите понуди да ги испратите по електронска пошта на следната адреса This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. или лично да ги доставите во архивата на Паблик на адреса: „Бојмија“ бр.1-2/21 Скопје најдоцна до (петок) 15.12.2017 година до 10 часот.

 

 07.12.2017