Актуелно

Повик за методолог за истражување

Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој ПАБЛИК, Скопје поддржана од програмата за граѓанска вклученост (Civic Engagement Project),објавува повик за ангажирање на Методологот за истражување, во рамки на проектот – Социјалните претпријатија тежиште на триаголникот- Економски рат, Развој на заедницата и Социјална инклузија, спроведувана од Ист Вест Менаџмент Институт (EWMI).

Рок: 9 ноември 2017 година

Надомест: По договор

ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА

Методологот за истражување, треба да работи со договорен, флексибилен распоред во согласност со барањата на конкретниот истражувачки проект (Социјалните претпријатија тежиште на триаголникот: Економски раст, Развој на заедницата и Социјално инклузија) со цел да се обезбедат совети за најдобрата практика за истражување; дизајнира методологија на истражување и прибирање на основни податоци и да придонесе за развој, анализа и следење на податоците и резултатите во рамките на проектот.

ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ

Работи со тимот на ПАБЛИК и со Консултантот за истражување, да присуствува на оперативните состаноци и да придонесете за професионалната функционирање на организацијата во рамките на овој проект, како што е наведено;

Да дизајнира истражувачката структура, вклучително и хипотезата за истражување. преглед на литература, варијабли и примена на варијаблите;

Да предложи соодветни инструменти и методологии за истражување, со impact мерки за примарниот процес на собирање податоци;

Да ја координира работата на теренските истражувачи и да се спроведе тест интервјуа за наведениот проект;

Да воспостави рамка за анализа на податоци и да ја следи анализата на податоците направена од теренските истражувачи , да ја  координира изработката на конечната публикација

Да дава совети во насока на подобрување на севкупниот квалитет и влијанието на истражувачката компонента на овој проект;

Да учествуваа на состаноци, семинари и настани со целните групи со цел да ги презентира и да ги пренесе наодите и препораките од публикацијата

Да ги извршува должностите во согласност со Статутот и сите политики и процедури и да ја следи мисијата на ПАБЛИК

 

ВРЕМЕНСКА РАМКА

-Ангажманот е очекувано да трае 42 консултантски денови за период од 15 ноември 2017 год, до 31 јули 2020 год.

ПРОФИЛ И КВАЛИФИКАЦИИ

  • Кандидатот да има завршено високо образобваниео  во областа на социјалната политика, социјалните студии или релевантно академско поле;
  • Мастер или докторски студии ќе се сметаат за предност
  •  Четири години ефективно искуство во спроведување на истражувања и презентирање на резултатите во релевантното поле за истражување

-           Високо ниво на разбирање на добрите практики во методологија на истражување, инструменти, анализа на податоци и мониторинг;

  • Разбирање на контекстот на граѓанското општество во земјата.

        Искуство во работа со организации од граѓанското општество

  • Искуство во работа со маргинализирани луѓе.

ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ

  • Ефективна комуникација (усна и писмена) на македонски и англиски јазик;
  • Способност за работа со голем број колеги проактивно и позитивно;
  • Одлични интерперсонални и комуникациски вештини;
  • Способност за ефективно поврзување со засегнатите страни како што е наведено;
  • Ефективни организациски вештини и time management вештини
  •  Способност за независно флексибилно и кооперативно извршување на работата,
  • Способност за работа под притисок;
  • Одлично и ефикасно користење на работното време;
  • Способност за користење на информатичката технологија
  • Подготвеност да патува, како што се бара од проектот.

Апликација

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија електронски, на е-маил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it. не подоцна од 9 ноември 2017 (крај на ден).

со назнака Повик за методолог за истражување.

Лицата кои што аплицирале ќе бидат известени за резултатите од повикот, по електронски пат, најдоцна 3 дена по извршениот избор на методологот.

Кандидатите може да ги постават своите прашања на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Ве молиме без телефонски јавувања.