Актуелно

Повик за консултант за истражување

Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој ПАБЛИК, Скопје поддржана од програмата за граѓанска вклученост (Civic Engagement Project),објавува повик за ангажирање на Консултант за истражување, во рамки на проектот – Социјалните претпријатија тежиште на триаголникот- Економски рат, Развој на заедницата и Социјална инклузија, спроведувана од Ист Вест Менаџмент Институт (EWMI).

Рок: 9 ноември 2017 година

Надомест: По договор

ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА

Консултантот за истражување, треба да работи со договорен, флексибилен временски распоред во согласност со барањата на конкретниот истражувачки проект (Социјалните претпријатија тежиште на триаголникот: Економски раст, Развој на заедницата и Социјално инклузија), со цел да се обезбеди надзор на севкупниот квалитет на истражувачката компонента на проектот и компонентата за мониторинг и евалуација вклучувајќи ја и анализата на влијанието на проектот.

ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ

-          Да работи со тимот на ПАБЛИК и Методологот за истражување, да присуствува на оперативните состаноци и да придонесува за професионалната функција на организацијата во рамките на овој проект, како што е наведено

-          Да испорача матрица за мониторинг и евалуација за проектот и impact матрицa.Да го надгледува развојот на истражувањето;

-          Да соработува со Методологот за истражување во развојот на соодветни истражувачки инструменти и методологии за примарниот процес на собирање податоци,

-          Да развие план за ублажување на ризиците и бариерите во рамките на проектот;

-          Да осигура дека истражувањето функционира со правно-легална рамка и добра практика со почитување на заштита на податоците, истражувачката етика и академскиот интегритет

-          Да го мониторира целокупниот квалитет и влијанието на истражувачката компонента на проектот и да дава совети за за да се обезбеди квалитет на финалната публикација,

-          Да учествуваа на состаноци, семинари и настани со целните групи со цел да ги презентира и да ги пренесе наодите и препораките од публикацијата

-          Да ги извршува должностите во согласност со Статутот и сите политики и процедури и да ја следи мисијата на ПАБЛИК.

 

ВРЕМЕНСКА РАМКА

-Ангажманот е очекувано да трае 18 консултантски денови за период од 15 ноември 2017 год, до 31 јули 2020 год.

ПРОФИЛ И КВАЛИФИКАЦИИ

  • Доктор на науки во областа на социјалната политика, социјални науки  или соодветната академска област
  • Искуство во спроведување на истражувања во областа на социјалната политика и објавување на најмалку 5 истражувачки извештаи во областа;
  • 5 години искуство во раководење / надзор на истражувачки тимови
  • Високо ниво на разбирање на добрата практика во методологијата на истражување, инструменти, анализа на податоци и мониторинг;

 

ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ

  • Способност за работа со голем број колеги проактивно и позитивно;
  • Одлични интерперсонални и комуникациски вештини;
  • Способност за ефективно поврзување со засегнатите страни како што е наведено;
  • Ефективни организациски вештини и time management вештини
  •  Способност за независно флексибилно и кооперативно извршување на работата,
  • Способност за работа под притисок;
  • Одлично и ефикасно користење на работното време;
  • Способност за користење на информатичката технологија

       Подготвеност да патува, како што се бара од проектот

Апликација

Заинтересираните кандидати треба да испратат своја кратка биографија електронски, на е-маил: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., не подоцна од 9 ноември 2017 (крај на ден).

со назнака Повик за консултант за истражување.

Лицата кои што аплицирале ќе бидат известени за резултатите од повикот, по електронски пат, најдоцна 3 дена по извршениот избор на консултантот.

Кандидатите може да ги постават своите прашања на: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.
Ве молиме без телефонски јавувања.