Актуелно

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ЕДУКАТИВНА И РАЗВОЈНА ПРОГРАМА ЗА ОСНОВАЊЕ НОВИ СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ЈАКНЕЊЕ НА НОВОФОРМИРАНИ

Едукативната и развојна програма е наменета за поединци, тимови од две или повеќе лица, здруженија на граѓани, месни заедници и други соодветни кандидати кои имаат идеја за отпочнување на ново социјално претпријатие, или пак имаат новоформирано социјално претпријатие чиј модел допрва треба да се развива и јакне, и при тоа доаѓаат од некој од следните региони во Македонија: -        Југозападен регион, и -        Пелагониски регион.   Обуките ќе им овозможат на учесниците: Разработка и ревизија на нивниот бизнис модел и идеја; Унапредување на бизнис моделот и планот за развој на претпријатието и основање на социјално претпријатие на здрава и сигурна основа; Развој и јакнење на бизнис и менаџерски вештини; Зајакнување на свесноста за можностите за соработка со традиционалниот бизнис сектор; Вмрежување со други социјални претпријатија и носители на идеи за нивно формирање; Претставување пред потенцијални инвеститори. Работилницата ќе се одржи на 27, 28 и 29-ти јуни 2018-та година во Струга,…
Read more...

Распределбата на работници на работни места во други земји

ИСТОРИЈАТ Распределбата на работници на работни места во други земји (упатување), регулирано со Директивата за упатување на работници (Posted Workers Directive 97/71/ЕК), е важен канал за прекугранична мобилност на работната сила во рамките на единствениот европски пазар на труд. Иако ова го практикуваат сите земји-членки до одредена мера, највисоката мобилност доаѓа од земјите со пониски приходи од јужниот и источниот дел на ЕУ во земјите со повисоки приходи од западниот и северниот дел. Упатувањето беше и продолжува да биде од особена важност за време на транзициските периоди, кога одредени земји-членки го ограничуваат пристапот до пазарот на трудот за работниците од новите земји-членки. Во однос на неодамнешното минато на миграција кон земјите-членки на ЕУ, по падот на претходните политички режими, овој миграциски тренд се очекува да продолжи и откако земјите-кандидати од Западен Балкан ќе станат полноправни членки. ЦЕЛИ Проектот за упатување на работници од Источна Европа (EEPOW) има за цел проактивно…
Read more...

Граѓанскиот сектор - и коректив и партнер на институциите

Дали граѓанските организации треба да се коректив или партнер на власта? Колку отвореноста на системот за соработка и уважување на експертизите и знаењето на граѓанското општество може да поттикне придобивки за целата јавност? Постои ли црвена линија на здружување помеѓу јавните институции и невладиниот сектор? Ова беа само дел од прашањата на менито на панел дискусијата „Како до значајни општествени промени: Визии за иднината на граѓанското општество“, која се случи во рамки на денешното претставување на Инструментот за мерење на влијанието на граѓанските организации врз општествените промени, резултат на истражувањето „Граѓанското општество – активен или пасивен чинител во општествените промени“, кое го спроведе Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој, „Паблик“. Гостите учесници беа согласни дека импактот кој што го прават граѓанските организации е значителен, но, и дека постои простор за нивно повидливо присуство и влијание. Всушност, и самото истражување покажа дека долгорочните ефекти од делувањето на граѓанските организации изостануваат поради…
Read more...

Отсега граѓанските организации ќе можат да го измерат сопствениот импакт!

Започнат процес за деинституционализација, заживување на локалната културна сцена, унапредување на медиумската писменост, надополнување на образовниот систем преку неформалното образование, партнерство и преземање системски обврски во здравствениот сектор, се само дел од достигнувањата и успесите на граѓанскиот сектор во сферите на социјалата, образованието, медиумите, културата и здравството, покажува истражувањето „Граѓанското општество – активен или пасивен чинител во општествените промени“, кое го спроведе Асоцијацијата за истражување, комуникации и разво, „Паблик“. Но, колкав е реалниот импакт на граѓанскиот сектор во продуцирање позитивни општествени промени? Дали нивните експертизи и инпути се широко пречекани од институциите во креирањето стратегии во различни сфери и дали се перципирани како сојузници? Со цел граѓанските организации да го утврдат својот капацитет за поттикнување општествени промени, создаден е Инструмент за мерење на влијанието на граѓанскиот сектор врз општеството, кој што ќе биде претставен утре, (вторник, 5 јуни) на конференција на која што ќе бидат споделени и резултатите од истражувањето…
Read more...

Струга домаќин на социјалните бизниси од Југозападниот регион

Градот Струга наредниве три дена ќе биде домаќин на социјални претприемачи од Југозападниот регион кои што ќе бидат дел од едукативната програма „Развој на одржливи социјални бизниси“ која што ќе се одржува во хотелот „Дрим“. Програмата, чија цел е да ги зајакне капацитетите на постоечките социјални претпријатија од овој регион на земјава, во исто време ќе укаже и на придобвиките што ги носи социјалната економија како сектор кој развива економски активности за важни општествени цели. Во исто време, ќе бидат споделени европски и светски искуства кои ја манифестираат улогата на социјалната економија во создавањето соодветен пазар на труд за ранливите групи, како и знаења за нејзиното влијание во обезбедувањето соодветен еко систем за развој на локалните услуги и производи. Работилницата е во рамки на проектот „Социјални претпријатија – мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис, (SE-Bridge)“, финансиран од Европската унија во рамките на програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и…
Read more...

НОВА ПУБЛИКАЦИЈА ВО ИЗДАНИЕ НА ПАБЛИК: Tесна законска рамка – негативни импликации врз развојот на социјалните претпријатија

Каков екосистем за развој на социјални претпријатија имаат Велика Британија, Франција, Италија, Шведска и Полска? Какви се законските рамки што го регулираат формирањето на оперативните активности на социјалните претпријатија, а какви националните агенди за јавни политики? Но, и какви фискални рамки и пристап до финансии им се потребни на социјалните претпријатија за подобар пораст и развој? Oдговори на овие прашања од неодамна достапни во компаративната анализа, „Екосистеми за развој на социјалните претпријатија“, издание на Асоцијацијата за истражување, комуникации и развој „Паблик“. „Несоодветна, нејасна и премногу тесна законска рамка може да донесе негативни импликации врз развојот на социјалните претпријатија, не успевајќи да ги идентификува сите субјекти што можат да бидат квалификувани како социјални претпријатија во даден контекст или, пак, создавајќи конфузија околу различните типологии што го сочинуваат спектарот на социјални претпријатија. Затоа, важно е нормативното уредување на секторот да биде помалку круто бидејќи на тој начин на социјалните претпријатија ќе им…
Read more...

БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ за набавка на медиумски производи – кратки документарни филмови

  БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИза набавка на медиумски производи – кратки документарни филмови                                                                                                                                                                                Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој ПАБЛИК од Скопје објавува „Барање за прибирање на понуди“ повикувајќи ги сите заинтресирани регистрирани правни субјекти, да поднесат понуди со следните содржински спецификации:   1.1 Општи услови 1.Набавувач на услуги: Паблик, Скопје со седиште во Скопје ул. „Бојмија“ бр. 1-2/21. 2.Предмет на…
Read more...

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМА ЗА РАЗВОЈ НА КАПАЦИТЕТИ НА СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ЈУГОЗАПАДНИОТ И ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМА ЗА ГРАДЕЊЕ МОСТ ПОМЕЃУ СОЦИЈАЛНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ БИЗНИСИ - (SE - BRIDGE) ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО ЕДУКАТИВНА ПРОГРАМАЗА РАЗВОЈ НА КАПАЦИТЕТИ НА СОЦИЈАЛНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА ВО ЈУГОЗАПАДНИОТ И ВО ПЕЛАГОНИСКИОТ РЕГИОН Три социјални претпријатија кои што ќе покажат најдобри резултати во рамки на програмата, ќе бидат грантирани со по 3.000 евра     Едукативна програма наменета за постоечки социјални претпријатија од југозападниот и пелагонискиот регион во Република Македонија ќе биде одржана во мај и јуни во рамки на проектот, „SE Bridge“, финансиран од Европската унија, чија цел е зајакнување на постоечките социјални претпријатија, поддршка за формирање нови, како и овозможување подобра соработка на социјалните претпријатија со традиционалниот бизнис сектор Обуките ќе им овозможат на учесниците: збогатување на менаџерските вештини за водење социјално претпријатие вмрежување претставување пред потенцијални инвеститори започнување соработка со социјални претпријатија од Албанија За учество во обуките, потребно е да се пополни прашалникот на линкот, најдоцна…
Read more...

Социјални претпријатија – мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалните бизниси (SE-Bridge)

Име на проектот: Социјални претпријатија – мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалните бизниси (SE-Bridge) Имплементатори на проектот: - Центар за развој на претприемачи и менаџери, CEED Македонија- Асоцијација за истражување, комуникации и развој, „Паблик“, Македонија, - Центар за обука на рурални жени од регионот Дибер, „Агритра Визион“, Албанија, - CEED Албанија Општествен контекст: Во Европа постојат 2 милиони социјални претпријатија и истите претставуваат 10 отсто од сите бизниси во Европската унија. Всушност, повеќе од 11 милиони луѓе (или 6 отсто од сите вработени во ЕУ) работат во претпријатија за социјална економија. На социјалните претпријатија се гледа како на потенцијални ефективни модели за решавање на важни социјални прашања кои директно влијаат на маргинализираните групи. Оттука, социјалната економија и социјалните претпријатија имаат важна улога и влијание како добавувачи на секој пазар. Партнерствата пак со традиционалниот бизнис сектор овозможуваат градење на вистински инклузивни бизнис модели, обезбедувајќи придобивки и за овие компании, како во…
Read more...

Повик за ангажирање Консултант за мониторинг и евалуација

Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој ПАБЛИК, во соработка со Фондацијата за развој на претприемачи и менаџери ЦЕЕД, Македонија, објавува повик за ангажирање на Консултант за мониторинг и евалуација (Супервизор за методологија и истражување), во рамки на проектот Социјални претпријатија – Мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис (SE- Bridge), поддржан од Европската Унија. Рок: 17.04. 2018 година Надомест: По договор ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА Консултантот за истражување (Супервизор за методологија и истражување) треба да работи со договорен, флексибилен распоред во согласност со барањата на конкретниот проект (SE- Bridge), со цел да обезбеди совети за примена на најдобрата практика за истражување, да развие методологија за мониторинг и импакт евалуација и да придонесе за развој, анализа и следење на податоците и резултатите во рамките на проектот. Експертот ќе биде вклучен во (првичното истражување и оценка на влијанието): развој на инструментите за мониторинг и евалуација, утврдување рамка за анализа на податоци…
Read more...

Повик за ангажирање Методолог за мониторинг и евалуација

Асоцијацијата за истражување, комуникации и за развој ПАБЛИК, во соработка со Фондацијата за развој на претприемачи и менаџери ЦЕЕД Македонија, објавува повик за ангажирање на Методолог за мониторинг и евалуација (Советник за методологија и истражување), во рамки на проектот – Социјални претпријатија – Мост помеѓу социјалниот сектор и традиционалниот бизнис (SE- Bridge), поддржан од Европската Унија. Рок: 17.04.2018 година                                                 Надомест: По договор ОПИС НА РАБОТНА ПОЗИЦИЈА Методологот за истражување (Советник за методологија и истражување) треба да работи со договорен, флексибилен временски распоред во согласност со барањата на конкретниот проект (SE- Bridge), со цел да се обезбеди надзор на севкупниот квалитет на истражувачката компонента на проектот и компонентата за мониторинг и евалуација, вклучувајќи ја и анализата на влијанието на проектот. ЗАДАЧИ И ОДГОВОРНОСТИ Да работи со тимот на ПАБЛИК и со Kонсултантот за истражување, да присуствува на оперативните состаноци и да придонесува за професионалната функција на организацијата во рамките на овој проект, како…
Read more...
Subscribe to this RSS feed